
Викендов започнува третиот круг во Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати термините кога ќе се одиграат сите шест натпревари.
Овој пат во сабота нема да гледаме прволигашки фудбал. Во недела ќе се одиграат пет натпревари, додека последниот од 23. коло е закажан за в понеделник – во Скопје на стадионот на ФФМ силите ќе ги одмерат екипите на Работнички и Тиквеш.
Централниот натпревар во недела ќе се игра во Кратово, каде домашниот тим на Силекс ќе го пречека Вардар. На останатите четири натпревари од неделната програма ќе се сретнат: Гостивар – Брера, Шкендија- Пелистер, Шкупи – Беса и Струга – Воска Спорт. Сите натпревари започнуваат од 14:00 часот.