ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Трговци не ја почитувале ограничената маржа, казнети од 60 до 7.000 евра

Пазарните инспектори за два дена кај 33 трговски субјекти утврдиле непочитување на владината мерка за намалување на трговската маржа или не поседувале дневна евиденција за дел од производите. Сите заработиле парични казни од 60 до 7.000 евра во зависност од големината на фирмата. Откако мерките стапија во сила, направени биле 160 контроли.

Advertisements

„Кај осум субјекти од сите 33 се големи трговци и кај нив се изречени казни од 7.000 евра за правно лице и 350 евра одговорно лице. Останатите субјекти се од различен тип почнувајќи од микро, па сè до среден трговец. Само за дневната евиденција ако таа не се наоѓа во објектот, казната почнува од 60 евра до 800 евра за правно лице и од 20 до 250 евра за одговорното лице“, рече Анета Димовска Симеска-Директорка на ДПИ.

Покрај трговците, контроли ќе се прават и кај производителите. Кај нив ќе се утврдува дали цената која е формирана за одреден производ е во согласност со трошоците коишто ги имаат. И министерот за економија Крешник Бектеши апелираше на почитување на одлуките, бидејќи секое повторно прекршување, според Законот за потрошувачи, предвидува и затворање на објектот до една година.
Со последната одлука, трговските маржи се намалија во трговијата на мало на 3 проценти и во трговијата на големо до 4 проценти. Целта е да се спречи уште повисок раст на цените.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button