Трговците имаат обврска да ги објавуваат цените на веб страниците
Трговците имаат обврска да ги објавуваат цените на веб страниците

Цените од рафтовите – сега и на интернет. Од денес, трговците мора јавно да ги објавуваат цените на производите на своите веб страни.
Сите трговци кои имаат над 10 вработени, односно, маркетите, аптеките, салоните за мебел и продавниците за бела техника се должни да ги објавуваат цените на производите на своите веб страни секојдневно и истите да ги ажурираат, доколку се променети. Сите кои што нема да го почитуваат овој закон ќе се соочат со казни од 500 до 1000евра.
Со оваа мерка се овозможува поголема транспарентност и полесна споредба на цените во маркетите.
Вака изгледа ценовникот што од денес можеме да го видиме на веб страниците на маркетите. Производите се поделени по категории – од основни, прехрамбени, до средства за хигиена. На секој производ е прикажана точната цена, а кај некои што имаат акција и до кога важи акцијата.
https://kipper.mk/mk/
https://kam.com.mk/
https://www.tinex.com.mk/
Сите граѓани кои што ќе откријат неправилности,односно една цена да ја има на веб страната, а друга во маркетот, можност да ги пријават во Државниот пазарен инспекторат. Оние кои не го почитуваат законот ќе се соочат со казни од 500 до 1000 евра.
Мерката се применува во Израел, Италија, Франција и Хрватска, со цел намалување и стабилност на цените./Алсат.мк
Ангел Димовски