ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трговците ќе мора да ги објавуваат и ажурираат цените на производите на веб страниците

Трговците ќе мора да ги објавуваат и ажурираат цените на производите на веб страниците

Нова мака за повозрасните граѓани. Измените на законот за заштита на потрошувачите, каде маркетите имаат оврска да ги објавуваат цените на своите веб страни им зададе главоболка на пензионерите.
Граѓантие со поделени мислења, дел велат дека не користат технологија и со оваа мерка не можат да заштедат ништо, односно терба да трчаат од маркет во маркет за да видат каде производот е најевтин, додека дел сметаат деа оваа мерка е во ред.
Анкета граѓани
„Знаете дека повеќе од пола население поготово што се во поодминати години не користат социјални мрежи, сега како они ќе видат, што треба да трчаат од маркет до маркет и да гледаат колку е ваму колку е таму. Тоа треба да си биде една цена за сите и да се знае, на пример да биде на некој друг начин кажано “

Advertisements

„Па да реков,за почит е тоа како да не, секој што знае да работи на интернет да не лута ќе оди каде е најповолно“.
„Мислам дека треба сепак да бидат во сите продавници исти, зашто да биде лебот ваму поскап ваму поевтино, лебот е лебот така.“
„.Не знае да искористат, па и ја не знам да користам интернет. Не е баш добро, кога не знаеме џабе што.“

Оваа обврска на трговците за објавување на цените започна од вчера и важи за сите трговци кои имаат над 10 вработени, односно марктеите, аптеките, салоните за мебел и продавниците за бела техника. Тие треба секојдневно да ги објавуваат и да ги ажурираат цените, доколку се променети. Сите кои што нема да го почитуваат овој закон ќе се соочат со казни од 500 до 1000 евра.

„Паралелно со оваа измена, со овој закон за заштита на потрошувачите воведовме и можност за Државниот пазарен инспекторат како институција што е надлежна и каде што купувачите ќе може да ги пријавуваат неправилностите кои што ќе ги сретнат на терен, да пријават и истиот да постапи и да ги казни сите оние кои што нема да ги почитуваат одредбите“, рече Бојан Стојански, пратеник на ВМРО.

Идејата за воведување на оваа мерка е превземена од Израел, па потоа применета во Италија, Франција и Хрватска, со цел намалување и стабилност на цените. Обврска да имаат свои веб страни и да ги објавуваат цените ќе имаат сите трговци кои што имаат над 10 вработени./Алсат.мк

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button