ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Трговците не ги прифаќаат критиките дека ги покачиле цените

Од Стопанската комора на северозападна Македонија не се согласуваат дека има прекршувања и манипулации од страна на трговците и производителите околу новогодишната кошничка. Менди Ќира вели дека од фирмите, членки на Комората, велат дека нема трикови и манипулации. Тој вели дека не се добредојдени ниту заканите од власта за евентуални мерки.

Advertisements

„Не верувам дека заканите ќе бидат добредојдени, бидејќи имаме и членови на стопанската комора кои не поддржуваат, проверуваат што стојат зад она што го кажале“, рече Ќира.

За Комората неприфатливи се мерките за замрзнување на цените или дефинирање на маржата, бидејќи повторуваат дека го штитат слободниот пазар. Претседателот на Комората ги повикува компаниите кои презеле обврска да ги намалат цените, да се придржуваат до договорот, особено до 15 јануари.

„Ние како Стопанска комора секогаш го штитиме слободниот пазар и не сме за мерките што ги презеде претходната влада, односно замрзнување на цените, не сме за тоа“, додава Ќира.

Премиерот Мицкоски, но и министерот за економија, Дурмиши, потврдија дека има поскапувања на основните производи и до 25 отсто, оценувајќи ги како манипулативни и нехумани. Властите најавија поригорозни мерки како што се ограничување на маржата или замрзнување на цените.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button