ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Трговците незадоволни од намалувањето на цените на овошјето и зеленчукот

Трговците незадоволни од намалувањето на цените на овошјето и зеленчукот

Овошјето и зеленчукот на зелените пазари уште два дена ќе се продава по високи цени, некои дури и за четири пати повеќе од нивната реална вредност. Откако трговците слушнаа дека власта ќе ги замрзнува и овие цени, прво намалија некои од нив. Но, во маркетите што ги посетивме доматите се продаваа од 100 до 120 денари, краставиците од 80 до 100 денари, лутите пиперки 250 денари за килограм, а благите за 160. Гравот е 180 денари, бананите 90, мандарините 80, лимоните 70, а портокалите 60. Трговците не знаат како ќе ги одредуваат цените според класите, а при тоа да не се соочат со казна.

Advertisements

„Тука имаме 10 денари профит за килограм, плаќаме 4 тезги по 20 илјади денари месечно. Во тие 10 денари има други трошоци, на крајот можеби ни остануваат 5 денари профит за килограм. Нема веќе, времето е такво“, рече еден трговец.

Од друга страна, граѓаните велат дека се оставени на милост и немилост на трговците. Многу од нив не истакнувата цени за 11-тте производи чии цени се замрзнуваат, па продаваат според изгледот на муштеријата или познанствата.

Здруженијата за заштита на правата на потрошувачи ги повикуваат властите да продолжат со мерката за замрзнување на цените и по истекот на рокот на крајот на април и следниот месец./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button