ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Три дена не се собира сметот од контејнерите во Тетово

Трет ден штрајкуваат работниците од „Комунална хигиена“ при Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово поради неисплатени плати и затоа не се собира сметот од контејнерите. Околу контејнерите веќе се создаваат големи купишта отпад.

-Три дена по ред доаѓаме во кругот на „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово кај населбата Теќе и не одиме на терен, седиме тука и штрајкуваме. Вака ќе биде како што најавивме на првиот ден сè додека нема исплата на заостанатите плати и придонеси. До тогаш нема да се собира сметот. Во контакт сме и со дирекцијата и со претставници на словенечката компанија која треба да не преземе. Од Словенците добивме ветување дека за работата во декември плата редовно ќе се исплати во јануари. Останува на општината и дирекција да ги исплатат заостанатите плати, информираа работниците од „Комунална хигиена“.

По почнувањето на штрајкот во вторникот, Општина Тетово испрати допис до медиумите во кој образложија дека ќе обезбедат исплата на заостанатите плати. Според нив, формирањето на две нови комунални претпријатија и соработката со словенечката фирма преку јавно приватно партнерство е начинот на кој ќе се обезбеди трајно решение.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button