ВЕСТИ

Три години нема ни трага ни глас од бегалците Грујевски и Бошковски

Христо Атанасов и Неџби Хасан или Горан Грујевски и Никола Бошковски. Поранешните клучни луѓе во УБК, кои пребегаа во Грција со лажни идентитети се уште се недостапни за да им се суди за децениското нелегално прислушување. Последното барање на министерството за правда за нивна екстрадиција е на 14 – ти декември 2018 – та година каде детално појасниле зошто не разделните поранешни тајни агенти треба да бидат испорачани во земјава.

Advertisements

Министерство за правда:

„Детално образложивме зошто одлуката на тогашниот Претседател Ѓорѓе Иванов е ништовна, потоа дека е неприменлива а се осврнавме и на фактот дека за еден предмет на СЈО Врховниот суд не се произнел“

Колегите од грчкото министерство за правда до сега не побарале од нашите служби појаснување зошто аболицијата на Иванов е незаконска и двоецот треба да биде испорачан. Официјална одлука по барањето за нивна екстрадиција од пред две години од грчка страна се уште нема тврдат од правда.

Министерство за правда:

„Во повеќе наврати беше ургирано да се добие одговор, но одговорните велеа дека лицата не може да бидат лоцирани“

До грчките власти, испратени се две барања за екстрадиција на Грујевски и Бошковски. Првото во ноември 2017 – та а второто во декември 2018 – та година. Двоецот од УБК беше уапсен пред три години на аеродромот во Солун, во обид да пребегаат во Унгарија. Солунскиот суд одлучи тие да бидат екстрадирани во земјава, но Врховниот суд во Атина, донесе спротивна одлука – да не ги испорача со образложение дека двајцата се помилувани и се дел од амнестијата на поранешниот Претседател Ѓорѓе Иванов.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button