ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Три лица од Гостиварско не ги почитувале решенијата за карантин

Полицијата во последните контроли на лица кои се наоѓаат во изолација открила нови три случаи на прекршување. Од СВР Тетово информираат дека вчера полициски службеници во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека три лица не ги почитувале решенијата и не се наоѓале во нивните домови. Станува збор за лица од гостиварските села Долна Бањица и Градец на кои претходно им било издадено решенија за изолација и домашно лекување.

Минатиот месец на гостиварското подрачје беа регистрирани речиси сто случаи на прекршување од овој вид изолација, а добар дел од лицата заминале преку граница.

Како и во сите претходни случаи, така во последниот, против трите лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button