Три месеци, нема решение за урнатиот ѕид кај Детската клиника
Три месеци, нема решение за урнатиот ѕид кај Детската клиника

Поминаа три месеци од нашиот последен извештај за ѕидот кај Универзитетската клиника за детски болести. Оттогаш, ниту еден камен не е ставен за негова поправка. Овој ѕид ги загрозува животите на граѓаните.
Поради недостиг на паркинг места, граѓаните често ги паркираат автомобилите во близина на ѕидот. Покрај урнатиот дел, ризик од уривање е и остатокот од ѕидот. Од Министерството за здравство, кое е овластено да понуди краткорочно решение, велат дека имаат подготвено информација за решавање на овој проблем, која ќе ја достават до Владата. Со него е предвидена повеќегодишна јавна набавка за изградба на ѕидот, вредна 18,7 милиони денари.
„По одобрување на информациите од Владата, Министерството за здравство ќе ја подготви тендерската документација и ќе го објави огласот за спроведување на повеќегодишната јавна набавка. Покрај потпорниот ѕид, предвидено е поставување на нови линии и санирање на постоечката инфраструктура.
Пред три месеци се одржа координативен состанок во Центарот за управување со кризи. На оваа средба беше договорено Градот Скопје да најде трајно и долгорочно решение на проблемот. Но, Град Скопје и по три месеци демантира дека е овластен да го реши овој проблем, па дури не обвинија и дека сме дезинформирале”, велат од Министерство за здравство.
„За трајно и долгорочно решение на проблемот потребно е Владата во координација со другите надлежни институции да изнајде конечно решение за овој проблем. Градот Скопје не е надлежен за изработка на нова хидролошка студија“, велат од Град Скопје.
Повторно се обративме до Центарот за управување со кризи за заклучоците од оваа средба. Од таму повторно ни порачаа дека Град Скопје мора да најде долгорочно, трајно решение за овој проблем. Според нив, предвидено е да се санира и патот над ѕидот, кој е урнат и го отежнува сообраќајот.
„За трајно и долгорочно решавање на проблемот, Градот Скопје во координација со другите надлежни институции треба да изработи нова хидролошка студија и студија за заштита на подземните води, врз основа на кои би се преземале трајни мерки за изградба на нов пат со потребната канализациона мрежа и негово асфалтирање„, велат од Центар за управување со кризи.
Уривањето на ѕидот го отежна и сообраќајот, бидејќи на подрачјето каде што останаа урнатините нема јавно осветлување, а се чувствува и непријатна миризба токму во близина на Детската клиника./Алсат.мк
Линда Ебиби