ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Три месеци по бегството, ни трага ни глас од Артан Груби

Три месеци по бегството, ни трага ни глас од Артан Груби

Речиси три месеци по бегството на шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Артан Груби, нема ни трага ни глас каде се наоѓа. Во меѓувреме, организацискиот секретар на ДУИ Блерим Беџети уште еднаш повтори дека Груби и секој што го прекршил законот мора да одговара.

Advertisements

„Тоа не е само мој личен став туку и став на партијата, секој што згрешил мора да одговара пред властите“.

Дали знаете каде се наоѓа?

„Немав никаква комуникација, ниту пред, ниту по настанот. Надлежните органи навистина треба да знаат”, рече Блерим Беџети, организационен секретар на ДУИ.

За разлика од Беџети, лидерот на ДУИ Али Ахмети пред извесно време изјави дека Артан Груби не е во бегство бидејќи е на албанска територија, давајќи етничка конотација на бегството на вториот човек на партијата. Ахмети дури зборуваше во име на Груби, кој рече дека е подготвен да одговора, но не по селективна правда.

„Господинот Груби, според информациите што ги имам, не сум го стретнал, добар е. Неговата локација е сеуште се разбира дека е некаде на албанска територија. Тоа е процес кој мора да има епилог. Артан Груби не е бегалец од Македонија, Артан Груби е подготвен да одговара пред правосудниот систем, да ги почитува законите, но не со одмаздничка и селективна правда„, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Артан Груби, кој избега од Македонија поради корупција и мешање во судството за да го спаси Сашо Мијалков, се најде на американската црна листа./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button