ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Три месеци по трагедијата во Tетово – ОЈО анализира, Германците молчат

8 септември, 21 часот и две минути; избувна пожар во модуларната болница во Тетово. За околу 5 минути огнот ја пеплоса и загинаа 14 лица, од нив 12 ковид-пациенти. Денеска точно три месеци по трагедијата, и натаму не е целосно јасно што го предизвика огнот. Македонските истражни органи утврдија дека пожарот избил од продолжен кабел, на кој биле приклучени три апарати, меѓу кои дефибрилатор и полнач за мобилен телефон, но истрагата продолжи со анализа на трагедијата од страна на вештак од техничкиот факултет и експертот за сруја. Нивните извешати не се објавени.

„Предметот е во фаза на предистражна постапка во која интензивно се постапува за утврдување на фактите. Пристигнатите извештаи во обвинителството се анализираат во корелација со останатите докази, но Јавното обвинителство не е во можност да сподели детали. Се очекува вештачењето од германските експерти кое беше побарано преку меѓународна правна помош, кое сè уште не е пристигнато“, наведуваат од Обвинителството.

Зошто толку се одолговлечи вештањето на германските експерти никој не знае. Ниту има информација кога ќе пристигне. Алсат повторно праша во германската криминалитсичка полииција, до каде е извештајот, но оттаму не нѝ дадоа одговор.

„Федералната канцеларија за криминалистичка полиција беше побарана од македонската влада за поддршка во врска со пожарот во македонскиот град Тетово. Барам од вас разбирање дека не можеме да дадеме дополнителни информации за полициската постапка“, велат од германската крим полиција.

Од владата велат дека германските експерти биле повикани како поддршка на исрагата на Јавното обвинителство и очекуваат извештајот директно да биде препратен таму.

За трагедијата оставки поднесоа министерот и заменик министерот за здравство Венко Филипче и Илир Хасани, но оставките не беа прифатени. Оставките на директорите на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми се на маса, и ќе бидат сменети по избор на нови директори, но тој процес сè уште не е почнат.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button