ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Три недели по инцидентот, се уште не се знае кој излеа мазут во Дебарското Езеро

Три недели од еколошкиот инцидент во Дебарското езеро, кога поголеми количини мазут, се излеаја во водите на езерото и на неговиот брег, институциите кои треба да ги утврдат причините и да го најдат виновникот се уште не кажуваат, кој и како го направил тоа.Земените примероци уште на 20 март , од неколку локации  се уште чекаат да бидат анализирани.

Advertisements

„За Дебарско Езеро постапката ја води Јавен обвинител. Акредитираната лабораторија сè уште не ги направила анализите поради недостиг на кадар што е во самоизолација. Откако ќе биде готов извештајот на лабораторијата ќе се даде наредба од јавен обвинител на судски вештак за животна средина за утврдување на штета врз животната средина и за дејствијата за санација и рекултивација што ќе треба да ги преземе виновникот.“

Анализите ќе започнат од понеделник и додаваат дека вештачењето е потребно за да се утврди штетата и да се квалификува делото.

„Предметот е во фаза на предистражна постапка. Јавниот обвинител издаде наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуална кривична одговорност. По насоките се постапува и до овој момент до Основното јавно обвинителство Дебар сè уште не е поднесена кривична пријава.“

Рибарските здруженија алармираат дека ако нема итна реакција, од ова може да настане меѓународен проблем.Ако набргу не се реагира, тогаш нафтените деривати кои во моментот се наоѓаат на суво, по зголемување на нивото на езерото, ќе дојдат во допир со водата и ќе разлеат низ целата површина на Дебарско езеро, кое спаѓа во меѓународни води, затоа што преку Дрим и Албанија се влева во Јадранското море.

„Во тој случај ако настане таква хаварија, тогаш надлежниот министер за животна средина, по препорака на надлежниот орган за управување со кризи и центарот за заштита и спасување е должен да ги извести соседните земји за настаната штета, затоа што сме потписници на разни конвенции и сме должни да ја надоместимме оваа штета.И ние како држава треба да надоместиме штета и на соседните држави кои се по течението на Дрим“.

Бараат одговорност за случајот и санирање на последиците од оваа хаварија. Велат дека за десеттина дена почнува мрестот на некои видови на риби и оти ова ќе биде погубно за самиот мрест.Од излеаниот мазут, веќе угинаа  птици и риби.

Miki Trajkoski

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button