МАКЕДОНИЈА

Три основни фактори за раст на сивата економија во земјава

Проект менаџерот при УНДП, Дарко Црвенковски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат ги објаснува неколкуте причини, добиени врз основа на истражувања, поради кои некои граѓани одлучуваат да влезат во ланецот на неформалната економија, позната и како сива економија.

Advertisements

„Имаме три сета на фактори, првиот е економски. Последните три години главен фактор беше мултидимензионалната криза, од ковид пандемијата, преку инфлацијата и растот на потрошувачката кошничка. Ова предизвика голем јаз на приходите на граѓаните, што е еден од клучните фактори за раст на неформалната економија. Вториот фактор е долгорочната невработеност. Има луѓе демотивирани да бараат работа на формалниот пазар на труд и другата е разликата помеѓу вкупните трошоци на трудот, односно разликата помеѓу доходот и трошоците за тој доход. Таа разлика е многу ниска“, вели Црвенковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button