Три затворски казни и една условна казна, во случајот „Тврдина“
Три затворски казни и една условна казна, во случајот „Тврдина“

Горан Грујевски, Тони Јакимовски, Никола Бошковски и Валентина Симоновска се прогласени за виновни во случајот „Тврдина“ поврзано со уништувањето на опремата за прислушување. Скопскиот кривичен суд ја ослободи поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, бидејќи, како што рече судијата на предметот, Илија Трпков, таа не учествувала во уништувањето на опремата заедно со останатите обвинети.
За бегалецот, поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, Судот изрече казна затвор од 14 години и 6 месеци. Тој е обвинет за злоупотреба на службената должност и фалсификување исправи. Поранешниот вработен во УБК Никола Бошковски, кој исто така е во бегство, за истото дело е осуден на 9 години и 10 месеци. Судијата го осуди на 3 години затвор Тони Јакимовски, поранешен шеф во кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.
Одбраната не е задоволна од оваа одлука и ја најави жалба.
Валентина Симоновска доби условна казна од две години, која може да се примени доколку во рок од 5 години не стори друго кривично дело.
Случајот „Тврдина“ е остаток од случајот „Таргет-Тврдина“ за незаконско масовно прислушување, од кој, поради измени во Кривичниот законик, минатата година, застарени се многу кривични дела. Од предметот остана Делот поврзан со уништување на опрема за надзор и фалсификување на документи поврзани со уништувањето. Во случајот Таргет-Тврдина, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков првично беше осуден на 12 години затвор, но во меѓувреме, благодарение на измените во Кривичниот законик, предметот застаре./Aлсат.мк
Ајнур Бафќари