ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трибина за дезинформациите, во фокусот дејствувањето на Русија

Трибина за дезинформациите, во фокусот дејствувањето на Русија

Македонија е лесна цел на дезинформациските кампањи поради слабата инситуционална и општествена отпорност, оценува претседателот Стево Пендаровски, говорејќи на трибина посветена на лажните вести. Тој вели дека по зачленувањето во НАТО земјава е и ќе биде мета на малигно влијание од надвор.

Advertisements

„Не смееме да ги игнорираме индициите дека зад проблемот со нашите евроинтеграции или зад тензиите во Косово и во Босна и Херцеговина, покрај објективните прашања и проблеми кои не се решени, има и голема количина на дезинформации и т.н. непријателско поттикнување“, изјави Стево Пендаровски – претседател.

Пендаровски додаде дека земјава не е исклучок, туку на целиот Балкан е создаден пропаганден фронт, особено по руската агресија во Украина. Првиот човек на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, говорејќи за руското влијание, истакна дека Кремљ на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија користи два наратива – еден е насочен кон православните христијани, а другиот кон Албанците, кои ги претставува како дестабилизирачки фактор во регионот. Тој истакна дека Кремљ успева одредени настани да ги користи во своја полза.

„Се сеќавате на јуни-јули? Имавме насилни протести, кои имаа за цел повторна внатрешна поларизација, дестабилизација и креирање на меѓуетнички и интра-етнички тензии. Во дезинформативната кампања и протестите кои беа вклучени? Истите актери кои беа вклучени во кампањата против Договорот од Преспа. Да ве потсетам на движењето Бојкотирам и предводникот на таа кампања. Ист беше наративот – загрозен македонскиот идентитет, јазик, народ и така натаму“, рече Еролд Муслиу – Агенција за разузнавање.

На трибина зборуваше и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, според кого од почетокот на руската агресија во Украина забележано е зголемување на дезинформациите во регионот на Западен Балкан преку кои се хранат наративи против Западот.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button