ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Триесет години од донесувањето на Уставот

Денеска се одбележуваат 30 години од донесувањето на првиот Устав по прогласувањето на независноста на нашата држава.

Advertisements

Граѓаните на референдумот одржан на 8 септември 1991 година ја изразија својата волја и го дадоа својот глас земјата да се конституира како суверена и самостојна држава Македонија. Независноста уставно-правно беше заокружена со донесувањето на Уставот со 93 гласа во Собранието на 17 ноември 1991.

Работниот текст на Уставот го пишуваа професорите Владо Поповски,  Љубомир Фрчковски и Лазе Китановски.

Според Уставот, општествено-економскиот и политичкиот систем на Републиката се засноваат на принципот на владеење на правото, човековите слободи и права, поделбата на власта, пазарната економија и другите темелни вредности на современото демократско општество.

Уставот е највисок правен акт и досега има претрпено неколку амандмански измени.

Последната беше во 2019 година кога македонското Собрание со 81 глас „за“ ги изгласа четирите уставни амандмани за менување на уставното име од Република Македонија во Република Северна Македонија по стапување во сила на Договорот од Преспа. Собранието го донесе и Уставниот закон за спроведување на амандманите.

Претходно, измени на Уставот беа направени и во 1992, 1998, 2001, 2003, 2005, 2009 и во 2011 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button