МАКЕДОНИЈА
Тринаесет лица ја прекршиле забраната за движење, изречени 375 санкции за неносење маска

Од полноќ до 4 часот утрово констатирано е дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 375 прекршоци, соопшти МВР.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.