
Денвер Нагетс стигна до нова победа сезонава во НБА лигата откако синоќа на домашен терен славеше над Toронто Репторс со 121-119.
Повторно најдобар поединец во таборот на Денвер беше Никола Јокиќ кој забележа нов трипл-дабл учинок од 28 поени, 14 скока и 13 асистенции. Кај поразените Греди Дик постигна 26 поени.
Лука Дончиќ и Далас Маверикс загубија на домашен терен од Индијана Пејсерс со 127-134. Дончиќ натпреварот го заврши со 34 поени, 15 асистенции и седум скока, додека кај победникот Мајлс Тарнер постигна 30 поени.
Во останатите мечеви се постигнаа следните резултати:
Кливленд – Милвоки 116-114
Вашингтон – Голден стејт 112-125
Детроит – ЛА Лејкерс 115-103
Атланта – Бостон 93-123
Бруклин – Мемфис 106-104
Мајами – Сакраменто 110-111
Чикаго – Јута 126-135
Хјустон – Њујорк 109-97
Минесота – Шарлот 114-93
Оклахома – Орландо 102-86
Њу Орлеанс – Портланд 100-118
Феникс – Филаделфија 118-116
ЛА Клиперс – Сан Антонио 113-104.