ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трипуновски: За незаконски субвенции исплатени речиси 800 000 евра

Трипуновски: За незаконски субвенции исплатени речиси 800 000 евра

Две правни лица, надвор од процедурите и незаконски, користеле големи суми државни пари, во вид на субвенции, иако не го платиле земјоделското земјиште што го изнајмиле. Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски вели дека се работи за 785 илјади евра, пари од буџетот. Тој подвлекува дека ова се само два од 5-те скандали на кои во моментов се работи, а останатите 3 предмети ќе бидат објавени по обезбедување цврсти докази.

Advertisements

Другиот случај се однесува на друго земјоделско земјиште кое било одземено од друго правно лице, против кое во 2019 година постоела тужба за неплаќање закупнина во траење од три години. Трипуновски рече дека во 2021 година била одобрена изјава за еднострано раскинување на договорот со ова правно лице, но бидејќи Министерството не го доставило примерокот за раскинување на договорот до Агенцијата за катастар, закупецот можел и по раскинувањето на договорот да продолжи да добива субвенции.

Трипуновски рече дека министерството, директорот на агенцијата но и инспекторатот морале да ги исполнат своите законски обврски и да го контролираат процесот. Тој ги повика институциите да ги преземат неопходните чекори за да се види дали некој свесно или несвесно дозволил да се манипулира со процесот./Aлсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button