СПОРТФУДБАЛ

Tриумф над Холандија, на Македонија може да ѝ донесе полесен ривал во нокаут-рундата

Одбојкарската репрезентација на Македонија веќе е во осминафиналето на Европското првенство (ЕП). Нокаут-рундата се игра во Бари, а нашиот национален тим го чекаат уште два меча во групната фаза.

На ред во групата за избраниците на селекторот Јошко Миленковски е репрезентацијата на Холандија, која на овој континентален настан и предводена од Нимир Абдул-Азиз, за многумина најдобриот светски коректор на денешницата.

„Лалињата“ беа подобри од нас пред две години во Тампере, но сега ситуацијата е поинаква затоа што натпреварот се игра на домашен терен во Скопје. Евентуален триумф над Холандија, на Македонија може да ѝ донесе полесен ривал во нокаут-рундата во Бари. Ако нашите одбојкари завршат четврти, одат на домаќинот Италија кој е главен фаворит за златото. Ако победат, одат позиција погоре.

Битката за второто место во групата почнува во 17 часот. Двете репрезентации досега имаат по две победи, а загубија само од неприкосновената Полска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button