ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тркалезна маса – „Следната генерација на Западен Балкан; Лидери на борбата против корупцијата“

Високото ниво на корупција во институциите, вклучително и образовнието, се меѓу причините за заминување на младите од државата. Помладите генерации треба повеќе да се ангажираат во борбата против оваа негативна појава, беше истакнато на тркалезната маса „Следната генерација на Западен Балкан; Лидери на борбата против корупцијата“.

Advertisements

„Знам пријатели кои велат дека корупцијата е распространета низ факултетите, професори кои бараат пари од студентите или во институциите кога сакате побрзо да завршите работа, бараат мито“, рече Илас Ајвази, учесник на настанот.

„Младите ја препознаваат корупцијата како последица на зрелоста и тоа влијае на младите и нивната иднина. И мислам дека заминувањето на младите се случува и поради оваа причина“, додава Шабан Рамадани, учесник на настанот.

Според Алберт Хани, генерален секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка, младите ја препознаваат корупцијата, но таа останува само како перцепција која не е целосно проверена.

„Овие обуки што ги правиме се обидуваме да ги научиме младите на вештини за препознавање на корупцијата и начините на кои можат да ги елиминираат овие општествено бескорисни работи“, вели Хани.

Во глобалниот индекс за перцепција на корупцијата објавен од Транспаренси Интернешнл, Македонија е на 88-то место, два поени помалку од 2023 година и пад од 12 позиции.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button