СВЕТ

Трката меѓу потпретседателката Камала Харис и поранешниот американски претседател Доналд Трамп е тесна

Трката меѓу потпретседателката Камала Харис и поранешниот американски претседател Доналд Трамп е тесна

Америка гласа, а светската јавноста го исчекува исходот од најважните избори на светот. Дали Камала Харис ќе биде првата жена претседател или тоа ќе биде поранешниот претседател Доналд Трамп, одговорот ќе го дадат седумте држави, чие расположение во минатото никогаш не можело да се предивиди.

Advertisements

Доколку разликата меѓу двајцата кандидати биде тесна, одлуката кој ќе го завземе престолот во Белата куќа, може да трае со денови. Харис го нарече Трамп опасност за демократијата истакнувајќи ја неговата улога во нападот на зградата на американскиот Конгрес на 6 јануари и неговото одбивање да го признае поразот од Бајден во 2020 година. Трамп ги искористи своите популистички апели за да ја пренесе пораката дека за време на вториот мандат, тој ќе направи повеќе за да ја подобри економијата, да го запре бранот мигранти кои влегуваат во САД и рече дека ќе биде построг кон противниците на државата, како што е Кина. Исходот од изборите во САД може да влијае на Украина повеќе од која било друга странска земја.

Кандидатите имаат две многу различни позиции за поддршката за Украина, чија одбрана од руските окупаторски трупи во голема мера зависи од американската воена, финансиска и дипломатска поддршка. Харис рече дека ќе ја продолжи политиката на Бајден за помагање на Украина, изразувајќи желба да ја види Русија поразена.

Трамп ја доведе во прашање поддршката на САД за Украина, велејќи дека Европа треба да го сноси најголемиот дел од товарот за поддршка на Украина против руската инвазија, а исто така ја доведе во прашање иднината на НАТО. Двајцата претседателски кандидати се обидоа да добијат што е можно поголема поддршка во последните денови од кампањата и секој од нив се претстави како одлучувачки за иднината на Америка.

Според американскиот систем, не одлучува народното гласање кој ќе биде претседател, туку Изборниот колеџ од 538 членови. Доколку Харис и Трамп не успеат да постигнат мнозинство од 270 гласови во Изборниот колеџ, новиот Претставнички дом во јануари ќе го избере претседателот, а новиот Сенат ќе го избере и потпретседателот. Доколку биде избрана, Харис би била првата жена претседател на САД и првата личност со јужноазиско потекло.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button