ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тројца државјани на Македонија -организатори на нападот во Виена

Тројца државјани на Македонија и истовремено и на Австрија се вклучени во терористичкиот напад во Виена, Австрија. За Кујтим Фејзулау (20) од Челопек, Тетово, се вели дека е организатор на нападот, додека уште други двајца државјани на Македонија со иницијали А.Г и А.И биле исто така дел од неговата група. Групата безмилосно пукаше во  граѓани на улиците во Виена, додека меѓу жртвите е и еден Албанец од Македонија, 21 годишен од Велешта, Струга. За жртвата  властите во земјава ја чекаат официјалната верзија од истражните органи во Австрија.

Advertisements

Фејзулау, роден во Медлинг, Австрија, кој беше убиен синоќа по вооружениот напад имал и државјанство  Северна Македонија. Информацијата ја потврди и министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, кој изјави дека истрагата води до некои осомничени лица од Австрија и граѓани на Косово, Чеченија и Бангладеш.

Карл Нехамер, министер за внатрешни работи, Австрија: „Имаше појас врзан за телото и имаше бомба на него. Тој носеше автоматска пушка, пиштол и голем нож.

Се бараат 12 лица, додека 4 од напаѓачите се уапсени синоќа. Полициските сили, меѓу кои и  тројца полицајци Албанци, во рекордно време ги неутрализираа атентаторите. Австриската полиција, преку Европол, побара помош од македонската полиција за решавање на случајот и можните врски на Фејзулау со структури во Северна Македонија. Австрија прогласи 3-дневна жалост за жртвите и повредените како резултат на терористичкиот напад во близина на Центарот на Виена, во близина на Синагогата.

Себастијан Курц, канцелар на Австрија: „Ние нема да  потклекнеме пред нивната закана. Ние дефинитивно мора да се бориме против тероризмот и нема да дозволиме исламскиот екстремизам, да биде присутен во нашето општество и да создаде поделби.  Нема да му дадеме простор. Нашите непријатели не се членови на една верска заедница, или на друга земја. Тие се само екстремисти и терористи кои немаат место во нашата слободна држава. Ова не е војна меѓу муслиманите и христијаните, или меѓу имигрантите во Австрија. Ова е војна помеѓу цивилизацијата и варварството.

Беа претресени 15 локации во близина на адресата на живеење на Кујтим Фејзулаху и десетина лица беа спроведени во полиција. Според австриската полиција, Фејзулаху и уште едно друго лице отпатувале во Словачка во јули,  каде според сомневањата се снабдиле со оружје. Тој бил осуден на 22 месеци затвор за учество во терористичка организација. Во декември 2019 година бил ослободен од затвор поради неговата возраст.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button