МАКЕДОНИЈА

Тројца осудени за кумановските настани чекаат одлука за слободен викенд

Осудените за логистика во случајот Дива населба, го чекаат состанокот на релевантната комисија во затворот Шутка, за да го добијат известувањето дали можат да искористат слободен викенд, кој им следува според Правилникот. Во оваа група се: Арсим Бајрами, Елхам Арифи и Мусадик Пајазити. Сите тројца ги исполнија условите за викенд надвор од затвор, но иако ги поминаа филтрите во соодветните комисии, таквата одлука не е одобрена од затворските власти. Директорот на затворот во Шутка, Филип Андов рече дека по состанокот на комисијата, одлуката ќе биде донесена врз основа на мислењето на Одделот за ресоцијализација.

Advertisements

Комисијата составена од шефот на безбедноста, раководителот на одделот за ресоцијализација и затворскиот воспитувач, на 28 јануари одржаа редовен состанок, на кој беше заклучено дека затвореникот Арсим Бајрами не прекршил никакви затворски правила и дека неговото право на користење на слободен викенд треба да се изврши.

Бидејќи директорот не бил присутен, раководителот на одделот за ресоцијализација побарал од Бајрами разбирање за извршувањето на одлуката по две недели, но директорот Андов ни тогаш не го потпишал истото. Од контактот со затворениците, нивните сомневања се дека директорот Андов намерно не ја потпишал одлуката заради чувствителноста на случајот, и можните обвинувања од јавноста како нов вршител на должноста директор.

На 11 март, Арсим Бајрами, од канцеларијата на народниот правобранител беше официјално известен дека неговиот случај се разгледува, и дека за секој нов момент ќе биде официјално известен.

„Отворен е предмет за вашето барање. Врз основа на нашите надлежности, се обративме и до директорот на истражниот затвор „Шутка“, од кого побаравме информација за оправданото 3-дневно отсуство“, наведуваат од кај Народниот правобранител.

Бајрами, Арифи и Пајазити правото на слободен викенд го добиле пред месеци, но истото не можеле да го побараат заради мерките против вирусот ковид. Според Правилникот затворениците стекнуваат такво право кога до исполнување на половина од казната, останува уште една година. Бајрами и Арифи беа осудени по 13 години затвор за логистика во тероризам, додека Пајазити на 12 години затвор.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button