
Тројца планинари загинаа од гром за време на бура во австриските Алпи во регионот Тирол, соопшти полицијата во понеделник.
Двајца браќа, на возраст од 60 и 62 години, и сопругата на еден од нив загинаа, најверојатно сите од ист удар од гром, изјави портпаролот на полицијата во западниот австриски град Ландек, според Ројтерс.
Несреќата се случила вчера попладне додека тројцата планинари се искачувале на врвот Митагшпиц, во близина на селото Флирш.