МАКЕДОНИЈА

Тројца ВД ректори спротивно на Законот не распишувале оглас за ректор на Универзитетот во Тетово

Поставувањето дополнителни и поволни критериуми за одреден кандидат на конкурсот за избор на нов ректор на УТ не е единствената  повреда на Законот или Статутот на Универзитетот. Како што дознава АЛСАТ, законски овој конкурс требало да заврши пред две години, но постојано се пролонгирал во спротивност со законските одредби, иако вршителот на должноста ректор морал во рок од 30 дена  да распише оглас за избор на ректор. Исто така универзитетот не смеел да остане со вршител на должност повеќе од 6 месеци.

Advertisements

Член 100 од Законот за високото образование:

„Најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот на вршител на должноста ректор од ставот (2) на овој член, се покренува постапка за избор на ректор“

Сепак, конкурс во 2021 година не беше објавен, а Универзитетот во Тетово остана без ректор. За вршител на должноста беше назначен Решат Ќаили, кој за шест месеци, не објави конкурс за ректор. По него, за вршител на должноста ректор во мај 2022 година беше назначен поранешниот ректор Вулнет Амети, кој исто така не иницираше постапка за избор на ректор. Конечно, во ноември 2022 година, на оваа позиција беше назначен актуелниот в.д. ректор, Куштрим Ахмети, кој исто така не постапи во согласност со законот и не објави оглас за ректор во рок од 30 дена.

Член 100 од Законот за високото образование:

Во случај на престанок на мандатот на ректорот од ставот (1) на овој член, до изборот на новиот ректор, Сенатот ќе избере за вршење на функцијата ректор еден од про-ректорите на универзитетот за максимален период од шест месеци.

Доколку овие прекршоци ги констатира и Државниот просветен инспекторат, сите одлуки донесени од вршителите на должност ректори, како и одлуките на Сенатот на УТ од декември 2021 година, можат да се прогласат за неважечки, меѓу кои и актуелниот конкурс за избор на ректор.

Како што дознаваме, просветниот инспекторат во петокот бил во Универзитетот во Тетово за да ги испита неправилностите, а во жалбите, се навело и  дека имало „злоупотреба на службената должност“.

Доколку овие прекршоци бидат официјално констатирани, министерот за образование и наука Јетон Шаќири има право да го поништи конкурсот и одлуката да ја достави во Уставниот суд за оценување.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button