СВЕТ

Тројца загинати и најмалку 16 повредени во пожар во Дизелдорф

Три лица се загинати, а најмалку 16 се повредени во пожар кој настанал во киоск, а потоа зафатил и станбена зграда во Дизелдорф. Две од лицата кои се повредени се во животна опасност.

Advertisements

Пожарот настанал ноќеска во 02:25 часот. Од противпожарната служба на Дизелдорф велат дека откако се запалил киоскот пламенот брзо се раширил на првиот кат од зградата. Жителите барале помош од балконите од каде дел од нив биле и симнати, пренесува германскиот весник „Билд“.

На местото на настанот имало околу стотина пожарникари.

„Откако куќата беше евакуирана дојде ужасната вест. За три лица помошта дојде предоцна. И покрај брзата интервенција на противпожарната бригада, итните служби најдоа мртви лица“, изјави портпаролот на противпожарната бригада Стефан Боле.

Според полицијата, идентитетот на загинатите сè уште не е познат.

Службеници од Одделот за криминалистички истраги се на местото на пожарот каде трае истрагата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button