ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тројца затвореници од Шутка се уште во бегство

Три лица од затворот Скопје во Шутка и натаму се во бегство, откако минатиот месец користејќи ги погодностите за слободен викенд 10 лица побегнаа од затворот. Од тогаш па наваму пак во затворот самоволно се пријавиле седуммина, а меѓу нив е и Адем Куртовиќ, кој е еден од тројцата осомничени за убиството на 58-годишниот Васил Ефтов кај Мавровка кое се случи на 23 август.

Advertisements

„На 19 јули констатирано е дека недостигаат или ги нема 10 лица, од коишто дел од нив, шесторица, се имаат појавено во 23.30, дел од тие се имаат појавено во 01.30 следниот ден и останати се околу четвроица, четворица кои се како во активно бегство, од кои еден од нив, сега се веќе тројца, едниот од нив е Адем Куртовиќ, кој самиот се има пријавено мислам дека во полициска станица Карпош на 22.07“, рече Бобан Утковски, директор на КПУ Затвор Скопје.

Најголем број од бегствата вели Утковски ги прават затвореници од полуотворено или отворено одделение кои преку злоуптреба на подобностите да излезат од затвор потоа не се враќаат.  Во периодот од 2015 година па заклучно со 23 август, вкупно 29 затвореници извршиле ваков тип на бегство и не се вратиле, а за нив полицијата распишува централна потерница. Оние пак кои ќе бидат вратени во затворот се соочуваат со дополнитени санцкии поради бегството.

„Се воведуваат во затворен систем од кадешто комисија составена од два или три члена извршува со нив разговор и носат одредени одлуки за истите лица. Претежно, 90 дена им се укинуваат погодностите, потоа комисијата разгледува и ако во тој дел немаат одредени девијантни однесувања помеѓу затворените лица или отстапуваат по одредените норми кои се пропишани овде во куќниот ред, можно е и да им се е продолжат со тие 90 дена, но мислам дека во висок процент го решаваме тоа во тие 90 дена и потоа со проценка на тимот од ресоцијализација им се враќа третманот што го имале“, додава Утковски.

Во затворот во Шутка пак, како што истакна Утковски се работи на тоа во наредниот период да бидат поставени повисоки огради, а ќе бидат вградени и повеќе камери со цел да се зголеми безбедноста на затворот.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button