МАКЕДОНИЈА
Трошановски: Дојдено е време за отворени листи

Марко Трошановски од Институтот за демократија, во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат оценува дека веќе е дојдено време за примена на моделот на отворени листи. Како што додава тој, моделот е веќе прифатен од повеќе европски земји и истиот веќе покажува позитивни резултати во различни области.
„Отворените листи се присутни во 17 или 18 земји членки на ЕУ. Компаративната пракса покажува дека сите тие покажуваат многу добри перформанси по многу индикатори на добро владеење, отколку оние кадешто нема отворени листи. Од тој аспект, времето и тоа како е дојдено и нашиот систем има потреба од такви листи“, вели Трошановски.