Трошановски: „Експертска Влада, реконструкција или нови избори“

Власта и опозицијата се подготвени да користат недемократски методи за да ја одржат, односно да ја преземат власта, вели аналитичарот Марко Трошановски. Според него, идејата за решение би била привремена експертска влада за соочување со предизвиците со кои се соочува државата.
Настаните од вчера покажаа дека државата не ja очекува добар период, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија. Случувањата во Собранието се доказ дека институциите не се подготвени да бидат одговорни, ниту пак оти политичарите може да се однесуваат демократски.
Пандемијата, економската и енергетска криза, прашањето со Бугарија се предизвиците за кои Трошановски оценува дека на земјата ѝ е потребна внатрешна политичка стабилност.
Доколку ништо од ова не се реализира, Трошановски оценува дека ќе има предвремени избори. Запрашан за можноста за преговори во формат на лидерска средба со претседателот на државата, Трошановски вели дека не е поддржувач на оваа идеја. Според него, дебатите треба да се водат во Собранието и да ги водат пратениците, а не, како што вели, племенски лидери.
Fatlume Dervishi