МАКЕДОНИЈА

Трошановски: Санкциите врз Русија ќе немаат ефект

Руско-украинскиот конфликт е најголемиот безбедносен предизвик со кој Европа се соочила во поновата историја, оценува првиот човек на Институтот за демократија, Марко Трошановски. Според него, овој конфликт може да има импликации и на други делови во светот, како на пример Тајван, но додава дека е голем ризикот ваквите турбуленции да се префрлат и на Балканот, особено во Босна и Херцеговина.

Advertisements

„Единството на евроатлантските сојузници мора да е на највисоко ниво, а санкциите сами по себе, не верувам дека во голема мера ќе направат некој ефект, бидејќи во историјата се покажало дека, особено автократски режими, но и режими во големи и моќни држави, не отстапуваат пред санкции. Така што, дипломатијата останува единствено решение, затоа што воен судир е апсолутно непосакуван од никого“, вели Трошановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button