
Само со инвестиции во енергетиката следната зима ќе влеземе поподготвени и помалку зависни од увоз на струја. Кризата не смее да се смета дека е завршена и затоа треба да бидеме внимателни. Ова се само дел од тезите на кои се дебатира во вечерашниот Економски магазин на Алсат. Според Ивана Вучкова од фондацијата Фридрих Еберт, потребни се нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, а државата да ја зголеми помошта на граѓаните кои имаат финансиски проблеми со плаќањето на сметките за струја.
„Кај нас честопати ќе слушнеме дека цената на струјата, бидејќи е регулирана е пониска и на регионот и на Европската унија – и тоа е така. Но, кога ќе ја земеме како процентуално учество во примањата на граѓаните, таа знае да достигне, не само цената на струјата, туку сите енергетски трошоци тие знаат да надминат и една третина од потрошувачката кошничка на граѓаните“, рече Вучкова.