ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трошоците за месец мај, за едно четиричлено семејство пораснале за 1.200 денари

Трошоците за месец мај, за едно четиричлено семејство пораснале за 1.200 денари

По завршувањето на владината мерка за ограничување на бруто профитната маржа, Синдикалната минимална кошничка со која се пресметуват трошоците за живот за Мај во однос на Април, бележи раст од над 1200 денари. Вредноста на синдикалната кошничка за мај изнесува 63 908 денари, а само за храна бележи зголемување од 954 денари.

Advertisements

ССМ – трошоци за живот на едно четиричлено семејство за месец мај
„ Само за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство потребни му се 22.434, oблека и обувки 5.665 Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.096, лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.610, здравје 1.185, транспорт 4.652, комуникации 3.417, рекреација и култура 5.592, образование 7.027, ресторани и хотели 4.131, Останати стоки и услуги 1.100 Вкупно СМК 63.908.“

Премиерот Хирстијан Мицкоски, вели дека ќе го чекаат извештајот од Државниот пазарен инспекторат, и како што вели доколку трговците прават трикови тие ќе реагираат како Влада.

„ Ние рековме дека како Влада трикови нема да толерираме, но исто така не мислам дека не мислам дека е сезонско овојшје е јагоди, цреши лубеници и така натак за овој период од годината. Но како и да е, ако забележиме неконвецнионално однесување тогаш секако дека ќе делуваме како Влада“, рече Христијан Мицкоски – премиер.

Доколку едно четиричлено семејство живее во изнајмен стан од 60 квадрати, според податоците на Синдикалната минимачна кошничка, само за основните трошоци за живот ќе му бидат потребни над 79 илјади денари. И покрај овие податоци, надлежните од владата велат дека засега не е потрбно носење на нови мерки бидејќи цените на храната не се зголемени./Алсат.мк
Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button