Тротоари и улици низ Скопје, оштетени од излезени корења
Тротоари и улици низ Скопје, оштетени од излезени корења

Корени од дрвјата кои излегле на површина сериозно ги оштетуваат улиците и тротоарите во главниот град, ги оштетуваат бекатонските плочи, а во некои случаи и асфалтот на коловозот. Граѓани се жалат дека им пречат при движењето, пеш или со велосипед, па решението го гледаат во нивна замена со нови дрвја.
„Тие се стари, но без дрва не се може, тие прават сенка. Погледнете какви станале овие“, рече еден граѓанин.
„Дрвата се добри за луѓето и за прашината што ја апсорбираат. Треба да се заменат, да се средат бетонските плочи, ама кој да го направи тоа. Општините не работат. Гледате некои гранки им пречат и на автомобилите, камиони не можат да поминат“, рече еден друг граѓанин.
Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ велат дека веќе ги лоцирале опасните дрвја и по проценка на соодветна комисија, тие ќе бидат исечени и заменети со нови. Истото ќе се случи и со дрвјата оштетени од лошите временски услови.
Од Паркови и зеленило информираат дека ниедно дрво не смее да се сече без писмено барање до надлежните институции, без разлика дали е на јавен или приватен имот./Alsat.mk
Мелихате Рустеми