СВЕТ
Трудо: Канада ќе воведе соодветни тарифи за американските производи

Канада ќе воведе соодветни тарифи за американските производи почнувајќи од денеска како одговор на тарифите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, цитиран од телевизијата Си-Би-Си.
„Доколку стапат на сила тарифите на Соединетите држави, Канада ќе одговори од полноќ со воведување царини од 25 отсто на американски стоки во вредност од 155 милијарди долари“, се вели во изјавата на канадскиот премиер.
„Канада нема да ја остави оваа неоправдана одлука без одговор“, рече Трудо.