ВЕСТИСВЕТ

Трудо: Ништо не е исклучено кога станува збор за канадскиот одговор на предложените тарифи на Трамп

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави синоќа дека „ништо не е исклучено“ кога станува збор за одговор на воведувањето царина од 25 отсто на канадски производи предложена од новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, и оти ниту еден регион во земјата не треба да го сноси целиот товар од ова несогласување.

Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за сите канадски увозни производи.

„Мораме да одговориме на предизвикот со кој се соочуваме. Исто така, треба да се погрижиме товарот да биде распределен низ целата земја. Не можеме само да казнуваме еден регион бидејќи царините имаат поголемо влијание врз тој регион“, рече Трудо по петчасовниот состанок во Отава со премиерите на канадските провинции на разговори за заканите на Трамп.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button