ВЕСТИ

Трудовата експолатација најзастапена форма на експлоатација во земјава

Сексуалната експлоатација веќе не е доминантна форма на експлоатација во Северна Македонија. Според податоците на МВР, на прво место сега доаѓа трудовата експлоатација.

Како што информира заменик националната координаторка на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, Светлана Влаховиќ-Димановска, на денешната дебата за борбата против трговијата со луѓе во Северна Македонија, од ова година во земјава имаме промена на доминантната форма на експлоатација и наместо сексуалната експлоатација која со години беше најзастапена, сега на прво место е трудовата експлоатација.

– Ова година во нашата држава е констатирано тренд на зголемување на бројот на идентификувани жртви. Досега се идентификувани 46 жртви на трговијата со луѓе. Секако дека може многу повеќе и ние се залагаме за поенергична активност. Сиромаштијата, невработеноста и семејното насилство, најчесто се главните ризици што ги прават луѓето ранливи и под ризик да бидат жртви на трговијата со луѓето, рече Влаховиќ-Димановска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button