Царина разби организирана мрежа за нелегална продажба на половни возила
Царина разби организирана мрежа за нелегална продажба на половни возила

До Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесени се кривични пријави против 19 физички лица и пет фирми за кривичните дела царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службена должност и овластување, информира денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
Николовски појасни дека станува збор за шема организирана помеѓу цариници, шпедитери, салони за продажба на половни автомобили и транспортери. Во шемата се вклучени вкупно 8 цариници кои фиктивно ги царинеле автомобилите.
За вмешаните царински службеници отворена е дисциплинска постапка која се уште е во тек, а автосалоните кои се вклучени во шемата продолжуваат со работа.
Суад Бајрами