ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царина заплени четири тони апчиња и гел за потенција ризични по здравјето на граѓаните

Царина заплени четири тони апчиња и гел за потенција ризични по здравјето на граѓаните

Царинската управа запленила четири тони апчиња и гел за потенција во вредност од 41,7 милиони денари (околу 680 000 евра), соопшти Царинската управа.

Станува збор за лекови и гел кои, како што велат оттаму, се ризични по здравјето на граѓаните. Во прашање е спречување на нелегална трговија бидејќи лековите не се наоѓаат во Регистарот на лекови.

„Инспектори од Секторот за контрола и истраги при детален преглед на стоката утврдија дека фирмата која ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и медицински средства. Воедно стоката е лек кој не е регистриран во Регистарот на лекови што го води Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија и е различно декларирана“,
велат од Царина.

Запленетите лекарства се: 48 000 кутии „орал џели“ односно 100 мл гел за орална употреба „камагра“, 10 530 ленти со 100 мг таблети „камагра“ и 7 000 кутии со 100 мг и 150 мг таблети „ценфорце“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button