ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царината заплени 20 часовници со потписи на познати модни брендови

Царинските службеници на граничниот премин „Ново Село“ заплениле дваесет часовници со потпис на познати модни брендови, чија вкупна вредност се проценува на 178 050 денари или околу 3 000 евра.

Часовниците биле откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, информираа денеска од Царинската управа.

Advertisements

„Часовниците се откриени во картонска кутија за која лицето кое управувало со автомобилот изјавило дека е пратка со лекови која ја испратил негов пријател за болно дете“, се наведува во информацијата на Царината, објавена на нејзиниот официјалне фејсбук-профил.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button