МАКЕДОНИЈА

Царината заплени 700 парчиња облека на граничниот премин Богородица

Царинската управа, во пет одделни случаи, спречи шверц на 700 парчиња непријавена облека и 22 пара обувки наменети за продажба на македонскиот пазар.

Advertisements

Во четири од случаите непријавените парчиња облека и обувки се откриени при контрола на автобуси во патните торби на патниците, како и во црни кеси под задните седишта. Во последниот случај, непријавените парчиња облека се откриени при контрола на патничко возило.

„Производите се запленети, а против лицата се поведени соодветни постапки. Царинската управа во рамки на своите приоритети континуирано спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на сивата економија“, информираат од Царинска управа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button