ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царината заплени облека, чанти, очила, рачни часовници, парфеми, техничка стока…

Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока и друго.

Advertisements

Облека, обувки и модни додатоци

– 113 пара очила и 13 рачни часовници од познати светски марки, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул.

– 318 парчиња накит-бижутерија (обетки, синџирчиња, нараквици и прстени), откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, со кој за влез во државата се пријавиле еден македонски државјанин, како возач, и еден српски државјанин како сопатник,

– 197 парчиња детска облека (скафандери, јакни, бањарки, пижами и боди) откриенa на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавил македонски државјанин.

– 124 парчиња облека (елеци, панталони, џемпери, јакни, здолништа, фустани, фармерки, кошули, блузи, маици и друго), 3 чанти и 20 парчиња накит-бижутерија, откриени од страна на царинските службеници од граничниот премин Дојран, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата.

– 255 разни производи (облека, обувки, постелнина, садови за домаќинство, техничка стока, алат парфеми и монтажни сушарки), откриени при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Во товарниот дел на возилото биле пронајдени непријавените производи. Истите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button