ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царинската управа отвори постапка за наводите за вмешаност на функционери на ДУИ во шверц на луксузни автомобили

Царинската управа на Македонија отвори постапка за внатрешна истрага во врска со индициите на порталот „Вечер“ дека функционери на ДУИ се вмешани во шверц на луксузни автомобили, со што е оштетен буџетот.

„Врз основа на информациите, Царинската управа утрово покрена внатрешна истражна постапка која ќе ја спроведува Секторот за професионална одговорност. Детали за истрагата ќе споделиме откако ќе заврши. Нашите приоритети се нулта корупција и целосно уништување на криминалот и се преземаат сите мерки за искоренување на ваквите појави“, наведуваат од Царинската управа.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција потенцираат дека не добиле никакво известување или тужба во врска со укажувањата на порталот „Вечер“.

Повикувајќи се на царински извори, порталот „Вечер“ пишува дека зад овој шверц стои Суад Алија, сопственик на продавницата за покуќнина „Хомакс“, кој соработува со двајца вработени во Царината, Менсур Цури и Бесник Османи. Сепак, компанијата денеска ги отфрли тврдењата на порталот.

„Категорично негираме дека Суат Алија е сопственик на продавници за покуќнина Хомакс. Лицето Суат Алија не е сопственик, ниту управител и на никаков начин не е вклучен во компанијата Хомакс“, велат од „Хомакс“.

Според порталот, функционери на ДУИ поставиле шема за измама преку која од увозот на луксузни автомобили плаќале многу помалку за царинење на возилата, односно наместо да плаќање 30.000 евра за луксузен автомобил, увозникот плаќал само 5.000 евра, избегнувајќи го каталогот за оценување од европскиот систем.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button