МАКЕДОНИЈА

Царовска: Матурата е обврзна и ќе се спроведе во законскиот рок

Државната матура е обврзна и ќе се спроведе во законскиот рок ако ситуацијата со епидемијата остане како што е сега. Образовниот систем сега е безбеден, тоа го покажуваат и бројките кои постојано и транспарентно ги објавуваме и според кои нема трансмисија на вирусот во училиштата, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.

Advertisements

Сигурна е, рече, дека според сите здравствени протоколи и заедно со учениците и наставниците, матурата ќе биде успешна.

-Матурата е обврзна зашто на тој начин имаат стартна позиција да се запишат на факултет. Таа е одредено ниво на знаење и верификација на тоа знаење. Компромис со квалитетот не смее да се прави во држави кои се стремат кон европски критериуми и кои внимаваат дека нивните генерации, кои потоа треба да ја раководат државата, мора да имаат капацитет и потенцијал, рече Царовска, потсетувајќи дека матурантите треба да се пријават за државна матура до законскиот рок, 31 декемвери и дека веќе се пријавуваат проектните задачи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button