ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царовска на фејсбук: Со оставката на Заев престанува мандатот на целото раководство

Министерската за образование и наука, Мила Царовска, денеска на фејсбук објави дека со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство.

Заблагодарувајќи му се на Заев за укажаната доверба и можноста да даде придонес во градењето општество за сите, таа додава дека останува посветена на борбата за социјалдемократските вредности.

“Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата” – напиша на фејсбук Царовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button