ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Царовска – Приоритет е училиштата да останат безбедни и отворени што подолго

Сите заеднички продолжуваме будно да ја следиме состојбата со ковид во училиштата, која засега е стабилна и верувам дека со доследно почитување на мерките, училиштата ќе останат безбедни и што подолго отворени за учениците, рече денеска министерката за образование Мила Царовска.
Според последниот извештај на Комисијата за заразни болести, состојбата со ковид-19 во училиштата во државата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб засега нема потреба од промена на моделот за начинот на одвивање на наставата бидејќи нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата.
Со неколку исклучоци, настаната на 1 септември почна со физичко присуство.