ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царовска: Учебната година ке почне со физичко присуство на учениците

Создадени се услови почетокот на новата учебната година, на први септември, да биде со физичко присуство на учениците. Предлогот на Министерството за образование и наука бил прифатен на вчерашниот состанок на Главниот координативен кризен штаб, што го водеше премиерот Зоран Заев, а денеска Владата ќе донесе одлука согласно протоколите, потврди министерката за образование Мила Царовска.

-Искуството од мината година покажа дека училиштата имаат капацитет за спроведување на настава со физичко присуство и се додека го дозволува епидемиолошката состојба и секако Комисијата за заразни болести подобро е да се спроведува на овој начин иако имаме подготвени три модели за следење на наставата, рече Мила Царовска, министер за образование.

Исклучоци ќе има за оние деца со хронични болести или ако има член на семејството со хронична болест. Тие деца ќе може да добијат одредено ослободување. Децата што ќе бидат пак во изолација, ќе може онлајн да ја следат наставата.

Како што појасни министерката, донесени и посебни протоколи, кои опфаќаат носење маски, почесто миење на рацете, проветрување на просториите и распоред на влегување во зградата за да нема метеж.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button