Цело ДУИ се појави на свечено отворање на реконструиран пат
Цело ДУИ се појави на свечено отворање на реконструиран пат

Речиси сите од ДУИ се појавија реконструкцијата на стариот пат кај Блаце, кој денеска беше свечено отворен, иако настанот беше организиран од Министерството за транспорт. Присутни беа директори и министри кои немаа никаква врска со проектот за инфраструктурна санација на автопатот од границата кон Скопје. Претставниците на власта помпезно се фале со својата работа.
„Оваа влада се што вети во мандатот исполни или е при крај . Го реконструиравме целиот овој пат кој неколку недели беше во катастрофална состојба, завршени се и познатите два километри од автопатот Скопје-Блаце, а тендерот за следните 10 километри е поднесен“, велат од Влада на Република Македонија.
Додека гардата на ДУИ се фалеше пред медиумите, зад нив застанаа активистите на Европскиот сојуз за промени. Младите од ЕСП со транспаренти во рацете излегоа да го изразат својот револт за бројните одложувања во реализацијата на овие работи.
Иако беше домаќин на настанот, Бочварски најмалку зборуваше бидејќи редот до подиумот беше долг.
Должината на автопатот Скопје-Блаца е 10 километри, додека ширината на коловозот е 7,7 метри. Во оваа фаза од санацијата, потсетуваме дека беше вклучена и реконструкцијата на тунелот, чии доцнења предизвикаа долги редици на летниот период. Во времето кога на таа патна оска беше зголемен протокот на граѓани, тунелот со недели работеше само со една лента бидејќи работниците заминаа на колективен одмор.Во периодот кога се реконструираше овој автопат се случија бројни сообраќајни несреќи со смртни последици. Образложението на надлежните беше дека немало доволно привремена сигнализација за да ја постават за време на градежните работи на патот./Алсат.мк
Аднан Ќаили