ВЕСТИСВЕТ

Целосна поддршка за Гутереш од ОН по прогласувањето за персона нон грата во Израел

Советот за безбедност на ОН синоќа изрази целосна поддршка за генералниот секретар Антонио Гутереш, откако израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го прогласи за “персона нон грата” во Израел.

Advertisements

Во официјалното соопштение на 15-члениот Совет се наведува дека „секоја одлука да не се соработува со генералниот секретар на ОН или Организацијата на Обединетите нации е контрапродуктивна, особено во контекст на зголемените тензии на Блискиот Исток”.

Во соопштението не беше спомнат Израел.

Ваквите соопштенија од Советот за безбедност се усвојуваат со целосен консензус.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button